Скопје vs Банско

74

Доколку сте од Скопје и седнете во автомобилот, за околу четири часа возење ќе стигнете во туристичкото место Банско во Бугарија. Ова е место што е посебно атрактивно меѓу Македонците особено во зимскиот период. Со помош на Numbeo ќе направиме анализа на цените во овие два града.

Ручек во елитен ресторан во Банско за едно лице ќе ве чини околу 5,11 евра или 4,88% повеќе одошто да седнете во таков сличен ресторан во Скопје, каде што ќе платите околу 4,88 евра. Шолја капучино во Скопје има просечна цена од 1,38 евра, а во Банско 1,14 евра или 17% поевтино.

Шише вода од 1,5 литри во маркет во Банско е околу 0,43 евра, исто колку и во Скопје. Една кутија цигари кај нас има просечна цена од 2,28 евра, а во Банско е 23% поскапа или 2,81 евра.

Такси услуга во Скопје за старт наплаќа 0,65 евра, додека во Банско е 35% поевтина или 0,42 евра.

Цените на недвижнините пониски, имајќи предвид дека се работи за планинско место. Цената на метар квадратен во Скопје е 1.228 евра, а таму 332 евра.

Фото: Pixabay