Скопје vs Буенос Аирес

56

Скопје од главниот град на Аргентина, Буенос Аирес, е оддалечен над 11.760 километри. Сместени се на различни континенти, имаат различна култура, историја, традиција… Со помош на податоците од Numbeo ќе направиме споредба за стандардот и трошоците на живот во овие два града.

Оброк во fast food ресторан во Скопје чини 3,2 евра, а во Буенос Аирес 43% повеќе или околу 4,6 евра. Една лименка газиран сок од 0,33 литри во Скопје има просечна цена од 1,2 евра, додека во аргентинската престолнина е 27% поевтина и чини околу 0,92 евра.

Над 115% има разлика во цените на лебот. Па така, една векна леб од половина килограм во Скопје има цена од 0,48 евра, а во Буенос Аирес 1,03 евра. Шише вода од 1,5 литри во нашиот главен град се продава по цена од 0,43 евра, а во Буенос Аирес 93% поскапо или 0,84 евра.

Кога се работи за транспортни услуги, еден километар со такси во Скопје е 0,41 евра, додека во Буенос Аирес е поевтина за 8,7% и чини 0,37 евра. Во овој аргентински град, еден литар бензин чини 0,75 евра, односно 33% поевтино од кај нас (1,12 евра).

Интернет услугите во Скопје се поевтини за 48,50% во однос на оние во Буенос Аирес.

Една година во приватно основно училиште за едно дете кај нас е околу 3.174 евра, а во Аргентина 41% помалку или околу 1.869 евра.

Изнајмување на стан со една спална во центарот на градот во Скопје е поскапа за 1,19%, односно кај нас чини 230 евра, а во Буенос Аирес 227 евра.

Нема некоја голема разлика при анализа на просечната месечна нето плата – околу 11%. Во Скопје таа изнесува околу 390 евра, а во Буенос Аирес 435.

Фото: Pixabay