Скопје vs Џакарта

67

Скопје од индонезиската престолнина е оддалечено околу 10.000 километри, а со Numbeo ќе направиме споредба меѓу цените во овие два града.

Ручек во скап ресторан во Скопје чини околу 5,28 евра, а во Џакарта околу 2,44 евра или 53% поевтино. Газиран пијалак од 0,33 литри во скопски ресторан чини околу 1,27 евра, а во Џакарта 54% поевтино или 0,57 евра. Исто така, шише вода од 0,33 литри во Скопје има цена од околу 0,78 евра, а во главниот град на Индонезија 67% поевтино, односно 0,25 евра.

Килограм ориз во супермаркет во Скопје има цена од 0,98 евра, а во Џакарта 13% поевтино или 1,07 евра. Килограм јаболка кај нас се продаваат за околу 0,75 евра, а во Џакарта 2,68 евра, што е поскапо за 261%.

Кога ги анализираме транспортните услуги, билет во еден правец со локален транспорт во Скопје е околу 0,57 евра, а во Џакарта 60% помалку или 0,23 евра. Еден литар бензин кај нас има просечна цена од 1,10 евра, а во Џакарта 46% помалку или 0,59 евра.

Месечни сметки за струја, вода, греење… за стан од 85 метри квадратни во Скопје се на ниво од 107,90 евра, а во Џакарта 12% пониски или околу 94,43 евра.

Изнајмување на стан со една спална во центарот на градот, кај нас е околу 229 евра, а во Џакарта 61% поскапо или 371 евро. Еден метар квадратен за стан во центарот на Скопје е околу 1.227 евра, а во Џакарта 73% повеќе или околу 2.127 евра.

Просечната месечна исплатена нето плата во Скопје е 390,99 евра, а во Џакарта 0,19% пониска или 390,23 евра.

Фото: Pixabay