Скопје vs Дубровник

75

Хрватскиот туристички бисер, Дубровник од Скопје е оддалечен околу 510 километри. Градот е препознатлива туристичка дестинација што привлекува посетители од целиот свет, а ние ќе направиме споредба меѓу цените таму и кај нас.

Вода од 0,33 литри во ресторан или кафуле во Дубровник ќе ви наплатат за 1,48 евра, што е 93% повеќе во однос на 0,76 евра што треба да се плати кај нас. Газиран сок кај нас чини 1,27 евра, додека во Дубровник чини две евра или 58% поскапо.

Еден килограм ориз во маркет во Скопје може да се најде за 0,99 евра, додека во Дубровник чини 42% поскапо или 1,41 евра. Килограм јаболка во маркет во Скопје има просечна цена од 0,75 евра, додека истата количина во Дубровник ќе се купи за 80% поскапо или 1,34 евра. Флаширана вода од 1,5 литри во Скопје има просечна цена од 0,43 евра, а во Дубровник може да се купи 1,14 евра или 163% поскапо.

Билет во еден правец со јавен транспорт во Дубровник е околу две евра, односно 254% поскапо одошто кај нас, каде што чини 0,57 евра. За старт на такси услуга во Скопје ќе платите 0,65 евра, а во Дубровник 417% повеќе или 3,36 евра.

Интернет услугите во Скопје имаат просечна цена од 15,40 евра, а во хрватскиот туристички бисер е 83% поскап или 28 евра.

Над 625% има разлика во цените на недвижнините во двата града. Па така, метар квадратен на стан во центарот на Скопје е 1.228 евра, а во Дубровник 8.917 евра.

Просечната месечна нето плата во Дубровник е 820 евра, што е 111% повеќе одошто кај нас (388 евра).

Фото: Pixabay