Скопје vs Истанбул

105

Скоро девет часа возење со автомобил за да се преминат над 800 километри и да се видат убавините на градот што се протега на два континента. Со помош на податоците на Numbeo ќе направиме анализа на цените во Скопје и Истанбул.

Ако се наоѓате во градот покрај Босфорот и сакате да ручате во скап ресторан, за тоа ќе ви бидат потребни 4,73 евра, односно 10% помалку одошто кај нас (5,28 евра). Доколку во ресторан или кафуле сакате да се напиете шолја капучино, во Скопје ќе ви наплатат 1,38 евра, а во Истанбул 1,90 евра. За шише вода од 0,33 литри, во ресторан или кафуле во Скопје ќе платите 0,76 евра во просек, додека во Истанбул тоа ќе ве чини 68% помалку или 0,24 евра.

Еден килограм банани во маркет во Истанбул достигнува просечна цена од 2,05 евра или 117% поскапо одошто кај нас (0,94 евра). Еден килограм компири во маркет во Скопје чини околу 0,50 евра, а во Истанбул 0,69 евра, што е 37% поскапо.

Билет во еден правец со локален транспорт во турскиот град ќе ве чини 0,43 евра или 25% поевтино одошто кај нас (0,57 евра). Еден литар бензин во Скопје има просечна цена од 1,10 евра, а во Истанбул е поевтин за 1,58% или околу 1,08 евра.

За еден стан од 85 метри квадратни, во Скопје ќе добиете сметки за вода, струја, греење во висина од околу 109 евра. За иста квадратура, во Истанбул сметките се околу 62 евра или 43% помалку од кај нас.

Метар квадратен на стан во центарот на Истанбул има просечна цена од 1.391 евра или само 12% повеќе во однос на цената кај нас (1.231 евра).

Просечната месечна исплатена нето плата во Скопје изнесува 388 евра, а во Истанбул е 17% повисока или 458 евра.

Фото: Pixabay