Скопје vs Келн

92

Германскиот град Келн од нашиот главен град е оддалечен околу 1.944 километри, а со помош на податоците на Numbeo ќе направиме анализа на цените во двата града.

Оброк во евтин ресторан кај нас чини околу 5,27 евра, додека во Келн цената е околу 9 евра или 70% поскапо. Шише вода во Скопје има цена од околу 0,76 евра, а во Келн 2,27 евра или 197% поскапо. Пиво од домашно производство чини 1,62% во Скопје, додека во Келн 3,50 евра или 115% повеќе. Шолја капучино во Скопје чини 1,38 евра, а во Келн 2,55 евра или 84,93% повеќе.

Литар млеко во маркет во Скопје се продава за околу 0,84 евра, додека во германскиот град има просечна цена од 0,70 евра или 16% поевтино. Килограм јаболка во нашиот главен град имаат цена од 0,75 евра, а во Келн се 214% поскапи или 2,36 евра. Пилешки гради во маркет во Скопје може да купите по цена од околу 4,44, а во Келн 7,44 евра или 67% повеќе.

Билет во еден правец со локален транспорт во Скопје чини 0,57 евра, а во Келн за 428% повеќе или 3 евра.

Изнајмување на стан со една спална во Скопје чини 169 евра, а во Келн 223% повеќе или 756 евра.

Фото: Pexels