Скопје vs Копенхаген

55

Скопје од данската престолнина Копенхаген е оддалечено околу 2.100 километри или скоро 22 часа возење со автомобил. Преку Numbeo ја согледуваме ценовната разлика меѓу овие два града.

За еден оброк во скап ресторан во Скопје ќе треба да одвоите 5,28 евра просечно, а во данската престолнина за таа намена ќе ви бидат потребни 210% повеќе пари или 16,39 евра. Шолја кафе во ресторан или кафуле во Копенхаген чини околу пет евра, додека кај нас за тоа ќе платите 279% поевтино или околу 1,38 евра.

Половина килограм леб во супермаркет во Скопје чини 0,48 евра, а за во Копенхаген 2,70 евра или 467% поскапо. За килограм јаболка во Скопје ќе треба да платите околу 0,75 евра, а за Копенхаген тоа ќе ве чини 225% повеќе или 2,43 евра. Шише вода од 1,5 литри кај нас ќе ве чини 0,43 евра, а во данската престолнина 139% поскапо, односно 1,04 евра.

Билет во еден правец со локален транспорт во Скопје чини 0,57 евра, а за таа услуга во Копенхаген ќе платите 464% поскапо или 3,21 евра. Такси услуга во Скопје има просечна цена од 0,65 евра, а во главниот град на Данска 929% поскапо или 6,69 евра.

Месечните режиски трошоци за одржување на стан од 85 метри квадратни во Скопје е околу 108 евра, а во Копенхаген 89% повеќе или околу 204 евра.

Изнајмување на стан со една спална во центарот на градот има разлика од 417%, поточно кај нас е 233 евра, а во Копенхаген 1.209 евра.

Просечната месечна исплатена нето плата кај нас е 387 евра, во данската престолнина 622% повисока или 2.801 евро.

Фото: Pixabay