Скопје vs Љубљана

116

Скопје и главниот град на Словенија се оддалечени 950 километри, делат многу заеднички нешта особено затоа што се земји од поранешна Југославија. Но, постојат одредени разлики меѓу трошоците на живот кај нас и во Љубљана. Со помош на податоците на Numbeo, ќе направиме пресек на некои од поважните трошоци.

Ако сакате да испиете една шолја капучино во ресторан или кафуле, во Скопје треба да платите во просек 1,35 евра, а во Љубљана околу 6% повеќе (1,44 евра). Доколку со некој близок сакате да имате комплетен оброк во ресторан, во Скопје тоа ќе ве чини околу 17 евра, а во словенечката престолнина 105% повеќе (35 евра).

Кога станува збор за цени во супермаркетите, најголема разлика во цени има кај марулите. Една марула во Скопје во просек чини 0,2 евра, а во Љубљана 1,11 евра или 246,52% поскапо.

Кога се работи за такси превоз, еден километар во Љубљана чини 0,85 евра, што е 109% поскапо одошто кај нас – 0,41 евро. Ако се анализира месечните трошоци за припејд разговори, во тој случај една минута во Скопје чини 0,10 евра, а во Словенија 32% поевтино или 0,06 евра.

Ако сакате фитнес, месечен билет за таа намена во Скопје чини 22 евра, а во Љубљана 82% повеќе или 40 евра.

Приватното основно образование во Љубљана на годишно ниво изнесува околу 9.993 евра или 215% повеќе одошто кај нас, каде една година во приватно основно училиште чини околу 3.166 евра.

Кога се земаат превид недвижнините надвор од централното градско подрачје, наемнина на стан со три спални на периферијата на Скопје чини околу 280 евра. Надвор од центарот на Љубљана, изнајмување на стан со три спално чини 780 евра.

Фото: Pixabay