Скопје vs Монте Карло

183

Нашиот главен град од Монте Карло е оддалечено над 1.150 километри, а според Numbeo, огромна е разликата во цени…

Доколку се наоѓате во оваа административна област на Кнежеството Монако и сакате да седнете во кафуле да се напиете шолја капучино, ќе треба да платите околу 4,75 евра. Тоа е 246% поскапо одошто кај нас, каде една шолја вакво кафе има просечна цена од 1,37 евра. Ако заедно со кафето порачате и шишенце вода, во Монте Карло ќе добиете сметка од 5,67 евра или 650% поскапо одошто во Скопје, каде вода од 0,33 литри чини 0,76 евра.

Просечно шише вино во продавница во Скопје има цена од околу 4,88 евра, а во Монте Карло ќе треба да одвоите 105% повеќе пари или околу 10 евра. Една кутија цигари кај нас има просечна цена од 2,28 евра, а во оваа област позната по казината и луксузниот живот се 427% поскапи или 12 евра во просек.

Интернет услугите кај нас чинат околу 15 евра, а во Монте Карло се 225% поскапи или 50 евра.

Над 650% е разликата во цените на месечната членарина во фитнес клуб. Во нашиот главен град за таа активност ќе треба да одвоите околу 22 евра, а во Монте Карло 166 евра.

Цена на еден метар квадратен во Монте Карло е околу 100.000 евра, што е 8.000% поскапо одошто еден метар квадратен за стан во центарот на Скопје – 1.232 евра.

Фото: Pixabay