Скопје vs Москва

37

Скопје и Москва ги делат над 2.600 километри, а со податоците на Numbeo ќе видиме колку се ценовно “оддалечени“.

Шолја капучино во ресторан или кафуле во Скопје има просечна цена од околу 1,37 евра, додека во руската престолнина е 67% поскапо или 2,30 евра. Едно шише газиран сок од 0,33 литри кај нас чини 1,26 евра, а во Москва 39% поевтино или 0,77 евра.

Ако се најдете во супермаркет во Скопје и имате потреба од леб и млеко, за тоа ќе треба да одвоите 0,83 евра за млекото и 0,48 евра за лебот. Во Москва за млекото ќе платите едно евро или 19% поскапо од кај нас, а за лебот 0,58 евра или 22% повеќе. Еден килограм банани во Скопје се продаваат за просечна цена од 0,94 евра, а во Москва 0,62% поевтино или 0,93 евра.

Една минута припејд разговор во Скопје чини 0,10 евра, а во руската престолнина 0,03 евра или 72,64% поевтино.

Доколку некој има потреба од стан со три спални во центарот на Скопје за кирија ќе треба да плати 414 евра, а во Москва 329% поскапо, односно 1.780 евра. Разлика од 303% има кај цените за еден метар квадратен во центарот на Скопје (1,231 евра) и во центарот на Москва (4.963 евра).

Просечната месечна исплатена нето плата во Скопје е 389 евра, а во Москва 916 евра или 135% повеќе.

Фото: Pexels