Скопје vs Салцбург

182

Салцбург е четврти град по големина во Австрија, а целосно ќе ве освои со својата барокна архитектура, прекрасните градини и гастрономска понуда. Сместен е во котлината на реката Залцах, а е познат и по блискоста на Алпите и познатите алпски зимски центри, па затоа го викаат Врата на Алпите. Неодамна се најде на првото место на листата на градови што треба да се посетат во 2020 година, во традиционалниот избор на сајтот Lonely Planet.

Нашиот главен град од австрискиот град е оддалечен околу 1.241 километar или 11 часа возење со автомобил. Со помош на Numbeo ќе направиме анализа на тоа колку ценовно се “оддалечени“ Скопје и Салцбург.

Се наоѓате во ресторан или кафуле и порачувате шолја капучино и вода. За тоа во Скопје ќе платите околу 1,36 евра за кафето и 0,79 евра за водата, а во Салцбург 3,15 евра за шолјата со капучино и 2,18 евра за шише вода од 0,33 литри. Ручек за двајца во ресторан во Скопје чини 16 евра, додека во австрискиот град многу поскапо, односно 50 евра.

Доколку во супермаркет во Скопје купите векна леб од половина килограм, ќе платите 0,47 евра во просек, а во Салцбург за тоа ќе одвоите 1,96 евра. Еден килограм јаболка кај нас чини околу 0,74 евра, а во Салцбург 2,50 евра. Килограм компир кај нас има цена од околу 0,49 евра, а во Салцбург околу 2,14 евра.

Билет за еден правец во локален транспорт кај нас е околу 0,57 евра, а во Салцбург две евра.

Наемнините во Скопје се неколку пати поевтини од оние во австрискиот град, па така стан со една спална соба во центарот на Скопје е околу 235 евра, а во Салцбург 759 евра.

Просечната месечна нето плата во Скопје е околу 390 евра, а во Салцбург 1.835евра.

Фото: Salzburg.info