Скопје vs Тирана

56

Скопје од главниот град на Албанија, Тирана, е оддалечен околу 292 километри, а со помош на Numbeo ќе направиме анализа на тоа колку се ценовно “оддалечени“ овие два главни града на Балканскиот полуостров.

Ручек во скап ресторан во Скопје чини околу 5,28 евра, а во Тирана 22% поевтино или 4,08 евра. Шолја капучино во нашиот град може да се најде за 1,38 евра, а во Тирана за тоа ќе треба да се плани 1,20 евра или 13% помалку.

Еден литар млеко во супермаркет во Скопје има просечна цена од 0,84 евра, а во албанската престолнина 29% повеќе или 1,08 евра. Килограм банани во Скопје има просечна цена од 0,94 евра, а во Тирана 39% поскапо или 1,31 евра. Шише вода од 1,5 литри во Скопје се продава за околу 0,44 евра и во Тирана исто толку.

Билет во еден правец со јавен превоз кај нас е 0,57 евра, а во Тирана 42% поевтино односно 0,33 евра. Старт со такси превоз во Скопје е 0,65 евра, а во Тирана 213% повеќе или 2,04 евра.

Месечните трошоци за струја, вода, греење… за еден стан од 85 метри квадратни во Скопје се некаде околу 108 евра, а во Тирана 36% помалку или околу 68 евра.

Изнајмување на еден стан со три спални соби во центарот на Скопје е околу 410 евра, а во Тирана за тоа треба да се плати цена повисока за 42% или 586 евра. Разлика од 30% има кај цената на еден метар квадратен за стан во центарот на градот – во Скопје околу 1.237, а во Тирана 1.603 евра.

Просечната месечна нето плата во Скопје е 388 евра, а во Тирана 331 евро или 14% пониско.

Фото: Pexels