Скопје vs Ванкувер

35

Скопје од канадскиот град Ванкувер е оддалечено околу 9.285 километри, а со податоците на Numbeo ќе направиме анализа на цените.

Целосен оброк за двајца во ресторан во Скопје е околу 16,25 евра, а во Ванкувер 236% поскапо или околу 54,71 евра. Шолја капучино во ресторан во нашиот град е околу 1,36 евра, а во канадскиот град 3,02 евра или 122% повеќе.

Килограм јаболка во маркет во Скопје имаат просечна цена од 0,74 евра, а во Ванкувер 2,63 евра или 254% поскапо. Еден килограм портокали во Скопје може да се најдат по цена од 0,86 евра, а во Ванкувер 218% поскапо или по 2,74 евра. Шише вода од 1,5 литри кај нас чини 0,43 евра, а во Ванкувер 1,72 евра, што е 298% поскапо.

Билет во еден правец со локален транспорт во Скопје има цена од 0,57 евра, а во канадскиот град 254% поскапо или 2,02 евра. Еден литар гориво во нашиот град има просечна цена од 1,10 евра, а во Ванкувер е поевтин за 3% и се продава за 1,06 евра.

Месечните трошоци за струја, вода, греење… за еден стан од 85 метри квадратни во Скопје се движат околу 107 евра, а во Ванкувер се за 44% пониски или околу 59 евра.

Изнајмување на стан со три спални надвор од центарот на градот кај нас е околу 280 евра месечно, додека во Ванкувер е 548% поскапо или околу 1.815 евра. Над 623% има разлика кај цените на становите, па метар квадратен надвор од центарот на градот кај нас е 885 евра, а во Ванкувер 6.405 евра.

Разлика од 555,91% има кај просечната месечна исплатена нето плата, којашто кај нас е 390, а во Ванкувер дури 2.563 евра.

Фото: Pixabay