Скопје vs Варшава

193

Скопје и главниот град на Полска се оддалечени околу 1.650 километри, што е околу 16 час возење со автомобил. Со помош на Numbeo ќе направиме анализа на цените во овие две европски престолнини.

Шолја капучино во кафуле во Скопје чини  околу 1,36 евра, а во Варшава 81% поскапо или 2,47 евра. Ако во истото кафуле или ресторан порачате вода од 0,33 литри, во Скопје ќе платите 0,78 евра, а во Варшава 2,50% поевтино или 0,76 евра.

Еден литар млеко во супермаркет во Скопје чини 0,84 евра во просек, додека во Варшава е 26% поевтино или 0,62 евра. Еден килограм ориз во супермаркет во Скопје е околу 0,98 евра, а во полската престолнина 16% поевтино или 0,73 евра. Кутија од 20 цигари кај нас има просечна цена од околу 2,28 евра, а во Варшава 68% поскапо или 3,83 евра.

Кога се работи за транспортните услуги во двата града, билет во еден правец со локален превоз во Скопје е 0,57 евра, а во Варшава 1,03 евра или 80% поскапо. Почеток на такси услуга во Скопје е 0,65 евра, а во Варшава 186% повеќе или 1,86 евра.

Месечните сметки за струја, вода, смет... за еден стан од 85 метри квадратни во Скопје се околу 107 евра, а во Варшава 35% повисоки или 145 евра. Трошоците за интернет претплата во Скопје се околу 15,59 евра, а во полската престолнина 20% поевтини или 12,46 евра.

Цената за една година во приватно основно училиште во Скопје е околу 3.146 евра, а во Варшава 150% повисока или 7.930 евра.

Изнајмување на стан со една спална во центарот на Скопје чини околу 229 евра, а во Варшава 614 евра или 167% поскапо. Еден метар квадратен за стан во центарот на Скопје има просечна цена од 1.227 евра, а во Варшава 160% повеќе или 3.204 евра.

Просечната месечна нето плата во Скопје е околу 391 евро, а во Варшава 144% поскапо или 954 евра.

Фото: Pixabay