Скопје vs Венеција

58

Градот на каналите е еден од најавтентичните градови во Европа, па поради тоа привлекува безброј туристи од целиот свет. Нашиот главен град од Венеција е оддалечен околу 1.190 километри, а со податоците на Numbeo ќе направиме анализа на цените во овие два града.

Доколку сте во посета на Венеција и сакате да ручате во некој скап ресторан, за тоа ќе платите околу 51 евро. Во Скопје, пак, ручек или вечера во скап ресторан е околу 155% поевтино или околу 16,26 евра. Ако заедно со ручекот порачате и шолја капучино, во Венеција ќе ви наплатат 1,50 евра, а кај нас 9% помалку или 1,38 евра.

Половина килограм бел леб во маркет во Венеција е околу 1,92 евра, а кај нас просечната цена му е 302% пониска или 0,48 евра. Еден килограм компири во Скопје имаат цена од 0,50 евра, а во Венеција 155% повеќе или 1,27 евра. Над 161% има разлика во цените кај кромидот, па така еден килограм кај нас чини 0,53 евра, а во Венеција 1,40 евра.

Една минута разговор во припејд во Венеција чини 0,03 евра, што е 69% поевтино одошто кај нас (0,10 евра).

Над 357% има разлика во цените за изнајмување стан со три спални во централното градско подрачје. Во Скопје таа кирија е околу 413 евра, а во Венеција дури 1.893 евра месечно.

Просечната месечна исплатена нето плата во Венеција е 1.480 евра или 281% повисока од кај нас (387 евра).

Фото: Pixabay