Skopje Wine Expo ја продолжува традицијата на Вино Скоп

4

Годинава традиционалниот Фестивалот на виното – Вино Скоп со нов концепт, ново интернационално име Skopje Wine Expo, како и нови содржини за љубителите на виното.Skopje Wine Expo ќе се одржи од 24 до 27 октомври на Плоштад Македонија, а влезот за посетителите ќе биде бесплатен.

Skopje Wine Expo има за цел промоција и афирмација на македонските вина и оваа година  на посетителите ќе им понуди различни видови врвни црвени, бели или розе вина, вкусни закуски и богата музичка програма.

На годинешниов Skopje Wine Expo, љубителите на вино ќе имаат можност и да се запознаат и разговараат за сè она што ги интересира за виното со некои од најдобрите енолози од регионот додека уживаат во најквалитетни вина и вкусните специјалитети како прилог со виното.