СкопјеГурман по четврти пат

32

Веб страната за групни попусти – Grouper.mk по четврти пат ја реализира кампањата “Недела на храна” #СкопјеГурман којашто започнува на 4ти јуни, а ќе трае цел месец.

“Kампањата четврти пат по ред ќе го претвори Скопје во најгурманско место до сега преку понудата на над 100 зделки по промотивни цени од преку 70 локални ресторани.Годинава кампањата е поддржана од Mastercard и збогатена со специјална акција со Скопско пиво – 1+1 гратис, каде што со секој купен купон за пиво, се добива едно гратис. Во секоја кампања имаме екстра активности посветени на корисниците, па така и овој пат за сите гурмани и дегустатори Grouper подготви подароци и други изненадувања. Неколку пати во годината организираме тематски кампањи кои целат да промовираат одредена категорија и да понудат дополнителна вредност за граѓаните и вклучените компании”, велат од Grouper.mk.

Во изминатите 3 години кампањата #СкопјеГурман предизвика забележителнa возбудa не само кај најдобрите угостителски објекти во градот, туку и кај наjголемите гурмани. Минатата година кампањата ја следеа преку 300.000 корисници и беа продадени над 17.000 купони. Оваа година од Grouper кажуваат дека ќе “врне” храна и попуст, а за најава на најгурманската кампања креираа и видео.

Овој јуни, груперската гурманска мапа вклучува угостителски објекти од сите делови на градот, a на менито можат да се најдат италијански специјалитети (KajЏино, Венето, Senigallia, Форца), сочни бургери (Центар Бар, Bistro Skopje), специјалитети од азиска и ориентална кујна (Star Ocean, Наргиле), за љубителите на здрава храна -смутиња, салати, протеински сендвичи (Soho House, Markt); слатки задоволства и десерти (Радост, Кремисимо, ChocolatBistro) и уште многу други специјалитети и деликатесни места кои ќе ги отворат вратите за сите Grouper гурмани.

Овогодинешната кампања има и хуманитарен карактер, па така со секое купување на зделка од #СкопјеГурман со Mastercard картичка, Grouper донира процент од сумата за оние кои им е најпотребно.

На крајот на вкусната кампања, и оваа година Grouper заедницата ќе ги одбере најдобрите ресторани во повеќе категории, а овој пат Grouper ќе ги избере и 10те најгурмани со најмногу купени купони за кои следуваат вредни подароци.

Повеќе информации за кампањата може да најдете на нивниот блог.