Скопски легури доби А интегрирана еколошка дозвола

67

Добивањето на А интегрирана еколошка дозвола за усогласување со оперативен план е резултат на континуираното залагање за усовршување и модернизација на производството, како и примена на строгите еколошки стандарди што се компатибилни со оние во Европската Унија, велат во компанијата.

„Од 2006 година, по влезот на Скопски легури во Топилница-железарница, инвестирани се 110 милиони евра, од кои над 40 милиони евра се директно инвестирани во унапредување на производството и заштитата на животната средина“, изјави Денис Корнијенко, генерален директор на Скопски легури.  Исто така, согласно со членот 21 од Законот за управување со отпад Скопски легури спаѓаат во групата на компании кои се должни да назначат најмалку едно стручно оспособено лице – управител со отпад, кое мора да биде вработено во компанијата и да биде обучено и да поседува уверение за положен стручен испит за вршење на работите за управување со отпад од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Тројца вработени во Скопски легури  ја завршија обуката за стручна оспособеност за управители со отпад од Министерството за животна средина и ги добија првите уверенија на новите управители со отпад.

Со добивањето на  А дозвола за усогласување со оперативен план и уверенијата на новите три управители со отпад, Скопски легури се подготвени за менаџирање со оваа дозвола и ги потврдуваат своите заложби за поздрава и почиста животна средина, соопшти компанијата.