Скопски пазар до крајот на септември прокнижи 2,8 милиони денари добивка

18

skopski-pazar

Скопски пазар од први јануари до 30-ти септември оваа година работеше со добивка од 2.802.000 денари, покажува деветмесечниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Добивката во истиот период лани изнесуваше 41.415.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во деветте месеци од оваа година беа на ниво од 510.413.000 денари, додека истиот период лани достигнаа вредност од 712.367.000 денари.

Скопски пазар поседува четири супермаркети што го носат брендот СП Маркет, 11 дисконти познати како Макси Д, две продавници за мебел, салон за убавина и специјализира продавница за текстил. Исто така, врши изнајмување на простор, менаџира со 14 пазари за зеленчук и овошје и еден пазар за добиток, а има и царински терминал, складиште и два ресторани.