Скопски пазар со загуба од 10,4 милиони денари во 2016

49

skopski-pazar

Скопски пазар, од јануари до декември лани, евидентираше загуба од 10.489.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Претходната 2015 година, за компанијата заврши со добивка од 22.259.000 денари.

Од први јануари до 31-ви декември 2016 година, вкупните приходи од продажба на компанијата изнесуваа 682.917.000 денари, додека истиот период претходната година беа на ниво од 927.345.000 денари.

Скопски пазар поседува четири супермаркети, 11 дисконти, две продавници за мебел, салон за убавина и специјализирана продавница за текстил.