Скопскиот аеродром воведе шалтери за оставање багаж при веб пријавување

35

aerodrom-aleksandar-velikiСо цел да се олеснат процедурите при патувањата, ТАВ Македонија на скопскиот аеродром Александар Велики воведе два шалтери за оставање на багаж, за патниците кои регистрирањето на летот го прават преку веб – страницата на аеродромот Александар Велики или на киосците за само – регистрирање кои се лоцирани во делот за Check in во терминалната зграда.

Ова во пракса значи дека отсега сите патници кои направиле web check-in, односно се регистрирале на летот преку веб-страницата http://skp.airports.com.mk, ќе можат да го остават својот багаж на т.н. baggage drop point шалтери за регистрирање, обележани како шалтер број 1 и шалтер број 2 на аеродромот Александар Велики, со цел да се намали времето за регистрација на патниците на аеродромот.

Оваа новина важи за летовите на редовните авиопревозници, односно за авиокомпаниите за кои може да се направи web check-in на веб страницата, а тоа се: Turkish Airlines, Adria Airways, Croatia Airlines, Austrian Airlines и Air Serbia.