Скопскиот регион со најголемо учество во БДП во Македонија

24

Скопскиот регион, со 42,8%, има најголемо учество во бруто домашниот производ на Македонија во 2014 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Најмало учество во вредноста на БДП во тој период имаше Североисточниот регион со 5%.

Поголем бруто домашен производ по жител, во споредба со просекот на Република Македонија, имаат Скопскиот регион со индекс 143,6, Југоисточниот регион со индекс 119,2, Вардарскиот регион со индекс 107,5.

Сите други региони имаат бруто домашен производ под просекот на Република Македонија.