Скопскиот регион со најголемо учество во бруто домашниот производ

33

Најголемо учество во бруто домашниот производ на Република Северна Македонија, во 2017 година, има Скопскиот регион со 42,8%, додека најмало учество има Североисточниот регион со 5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Поголем бруто домашен производ по жител, во споредба со просекот на Република Северна Македонија, имаат Скопскиот регион со индекс 141,8, Југоисточниот регион со индекс 117,4 и Вардарскиот регион со индекс 103,5. Сите други региони имаат бруто домашен производ под просекот на Република Северна Македонија.

Фото: Pixabay