Скопскиот регион со најголемо учество во бруто домашниот производ

15

Најголемо учество во бруто домашниот производ на Република Македонија во 2013 година има Скопскиот регион со 42,6%, додека, пак, најмало учество има Североисточниот регион со 5,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Поголем бруто домашен производ по жител, во споредба со просекот на Република Македонија, имаат Скопскиот регион со индекс 143,5, Вардарскиот регион со индекс 110,6 и Југоисточниот регион со индекс 109,6.

Сите други региони имаат бруто домашен производ под просекот на Република Македонија.

Најмал бруто домашен производ по жител, во однос на националниот просек, има Полошкиот регион со индекс 48,8.