Скоро 40% од менаџерите во Бугарија ја менуваат работата поради платата

42

bg

Најзастапена причина за промена на работата меѓу бугарските менаџери е големината на платата – 39% како причина за менување на работата ја истакнуваат можноста за повисока плата. Во исто време, едвај 18% од работодавачите се подготвени да ја зголемат платата, за да го задржат вредниот кадар. Ова го покажува годишното истражување на пазарот на труд и човечки капитал на OD&M Consulting, пишува софиски Дневник.

Недостатокот на кариерен развој е втората по важност причина за промена на работата наведена од 36% од анкетираните менаџери.

Во истражувањето учествувале 173 компании, а меѓу анкетираните сектори се банкарскиот, осигурување, ИТ, индустријата – вклучувајќи производство на храна, автомобили и лекови.

За да ги задржат вработените, 39% од работодавците ги вклучуваат во програми за обука и развој, 23% им даваат можност да се вклучат во интересни проекти, 21% им оддаваат признание на достигнувањата, секој петти обезбедува можности за развој на кариерата, 18% им ја зголемуваат платата, а 17% нудат други бенефиции што не се поврзани со пари.

Општо земено, највисоки се платите во компаниите од информатичката технологија. Менаџерите од пониските нивоа добиваат највисоки плати во фармацевтските компании.