Скоро 400 милијарди евра инвестиции во ЕУ

26

Европскиот фонд за стратешки инвестиции, што претставува план за инвестиции во Европа на актуелниот претседател на Европската унија – Жан Клод Јункер, се очекува да поттикне 398,6 милијарди евра.

Износот на финансирање на основа на договорот досега одобрен во рамки на Европскиот фонд за стратешки инвестиции ќе достигне 73,8 милијарди евра, што ги вклучува сите 28 земји членки на Унијата.

Од Брисел очекуваат со овој фонд за инвестиции да бидат опфатени 949.000 мали и средни компании, а на големите компании да им биде олеснет пристапот до финансирање.

Најмногу инвестиции во однос на бруто домашниот производ остварија овие земји: Грција, Естонија, Бугарија, Португалија и Латвија.