Сковин во првиот квартал работеше со загуба од 27,7 милиони денари

21

skovin

Винарската визба Сковин во првите три месеци од оваа година работеше со загуба од 27.705.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истото тромесечје лани, компанијата прикажа загуба од 46.432.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, од први јануари до 31-ви март, беа на ниво од 41.139.000 денари. На домашен пазар се реализирани 20.261.000 денари, додека на странски пазари реализацијата достигна 20.878.000 денари.