Sky camp е иновативен шатор што се поставува на покрив од автомобил и може да се монтира на било кое место за една минута.
Металните делови од шаторот се изработени од алуминиум, што ја даваат неопходната цврстина и леснотија во исто време. Sky camp, заедно со скалата и душекот, тежи 68 килограми, а во неговата внатрешност може удобно да се сместат двајца возрасни и две деца.
Исто така, Sky camp има и дополнителна тенда за поголем покриен простор пред автомобилот. Овој шатор ќе биде особено корисен за оние кои сакаат авантури, патување и престој на отворено наместо во хотел.
За дизајнот и изработката на овој иновативен шатор се погрижи компанија iKamper, којашто на 27-ми овој месец ќе го понуди шаторот во претпродажбаво живо на Kickstarter по цена од 1.950 долари, додека редовната цена ќе биде 2.950 долари.