Skype повици директно од Outlook.com

20

skype outlook

На корисниците во Велика Британија Skype им овозможи нова интегрирана услуга на својот комуникациски систем и Outlook.com сервисот за електронска пошта.

Преку оваа услуга е овозможено Skype повиците да се воспоставуваат директно од сандачето на Outlook.com мејл сервисот. Така, на пример, ќе може по проследениот имејл, веднаш да се контактира испраќачот, гласовно или видео или пак да се започне чет.

Како што велат од Skype, сега пријателите од Skype и Messenger ќе можете да ги имате на едно место.

Засега услугата е достапна само за корисниците на Британија, набрзо ќе биде достапна и во САД и Германија, а глобалното лансирање се очекува до крајот на ова лето.