Skypod – роботи специјализирани за работа во магацини

68

Францускиот стартап Exotec Solutions изработи автоматизирани роботи наречени Skypods, со цел да ја подобри ефикасноста на магацините кои се дел од е-бизнисот, пишува Tech Crunch.

Skypods се нископрофилни роботи кои можат да носат стандардизирана кутија и да ја донесат до човечки оператор. Нивната предност е во тоа што не се движат само на рамни површини, туку може да одат горе и долу по полиците и да собираат кутии.

За своето креативно решение, коешто го заменува традиционалниот магацински простор со нов автоматизиран и менаџиран од роботи, Exotec Solutions успеа да собере 15 милиони евра инвестиции за производство и понатамошно истражување и усовршување на роботите.

До 2019 година, компанијата планира да произведе и продаде околу илјада роботи.

Втората најголема француска вебстраница Cdiscount веќе го испроба редизјнираниот магацин и според информациите на нивниот сајт, во следните неколку месеци планираат да купат повеќе роботи и полици.

 

Фото: Exotec Solutions