Слаба заинтересираност за црногорските претпријатија

13

montenegro

Минатата година не е приватизирано ниту едно од 13-те претпријатија што црногорската влада планираше да ги продаде на приватни инвеститори. Понуди се доставени за четири претпријатија, но досега не е потпишан договор ниту формално е завршена продажба, пишува CdM.

За неколку компании воопшто не се распишани тендери за продажба, затоа што немало заинтересирани инвеститори. Меѓу нив е и националниот авиопревозник Монтенегро ерлајнс. Тендер за оваа компанија ќе биде распишан кога ќе има заинтересирани.

Според претседателот на тендерската комисија Бранко Вујовиќ, се што било планирано во 2014 година, веројатно ќе се префрли во планот за оваа година.