Сладолед од ванила за “само“ 20 евра во еден од најскапите градови во светот

70

sladoled od vanilaНе постои човек кој не сака да се заслади со вкусен сладолед, особено во летниот период. Но, доколку отидете во најблискиот супермаркет и сакате да купите сладолед од ванила и ја видите цената од 20 евра, тогаш сигурно ќе го заобиколите овој десерт.

Таков е случајот со жителите на Луанда, главниот град на Ангола, земја во јужна Африка која е втор по големина производител на нафта и дијаманти.

Oваа земја сѐ уште закрепнува од 27-годишната граѓанска војна која заврши во 2002 година. Дури три четвртини од производите оваа земја е принудена да ги увезува. Претседателот на Ангола, Хосе Едуардо дос Сантос, кој е на чело на земјата од 1979-та година, минатиот месец вовел царина од 50% на над сто производи, пишува Јутарњи лист.

Тој тврди дека целта на зголемените давачки е да го поттикне развојот на останатите индустрии, како што е земјоделството и другите економски гранки, за да може Ангола да биде независна од нафтата.

Овој огромен пораст на цените ги принуди дури и побогатите семејства да ги менуваат своите навики, а во најтешка позиција се имигрантите кои се доведени до работ на нивната егзистенција.

Некои производи како што се брашно, грав, ориз, масло од палма, шеќер, млеко во прав и сапуни, ќе бидат исклучени од плаќањето на овие давачки. Но, останатите производи, како и овошјето и зеленчукот, ќе подлежат на плаќање на високите давачки.