Сладолед од зеленчук – новитет кој можеби ќе стане хит

35

tropicarrot sladoled

Луѓето стануваат се повеќе свесни за потребата од здрав начин на исхрана, па затоа се насочуваат кон овошјето и зеленчукот.

Дваесет и шестгодишната Софи Милром направи сладолед користејќи пире од манго, ананас и кељ. Она што е важно за овие т.н. Innocent Ice Pops е тоа што не содржат шеќер и засладувачи.

Иако во последно време во јавноста се шират негативни коментари за диетите базирани само на сокови, Милром вели дека нејзиниот производ не се третира како замена за оброк, туку само како здрав додаток во исхраната.

innocent ice pops“Мојата креација е поздрава алтернатива од сладоледот, замрзнатиот јогурт и други замрзнати десерти што се со голема концентрација на шеќер. Ова што го правам јас е позабавен начин да се конзумира здрав сок“, вели Милром за Business Insider.

Идејата за ваков производ на Милром и се наметна поради желбата за водење здрав живот, но поради брзото темпо на живот не секогаш на дофат ни се здравите и природни состојки.

Цел месец Милром поминала покрај својот блендер со цел да го изнајде совршениот рецепт за микс на овошје и зеленчук, користејќи ги само здравите состојки без никакви други додатоци.

Сладоледите на Милром може да се најдат со четири вкусови и тоа: мешавина од свежи кељ, ананас и банана; лимон, мелен бибер и кељ; манго, ананас и морков; јаболко и цвекло. Поединечната цена за секој од овие вкусови е 2,99 долари.