Славеј ќе исплаќа дивиденда од нераспределената добивка за 2015 година

24

slavej-logo-580x97

Центарот за ортотика и протетика Славеј донесе предлог одлука за распределба на нераспределената добивка за деловната 2015 година, објавена на Македонска берза.

Од нераспределената добивка, се одвојуваат 6.479.325 денари за бруто дивиденда за акционерите, додека нето износот е 5.831.393 денари.

Дивидендата по акција со персонален данок, според предлог одлуката, е 316,30 денари, додека нето дивидендата по акција е 284,67 денари.

“Дивидендата ќе биде поделена на имателите на акции со состојба во книгата на акционери на ден 20.05.2016 година со последен ден на тргување на акции со право на дивиденда на 17.05.2016 година или прв ден на тргување со акции без право на исплата на дивиденда 18.05.2016 година“, стои во предлог одлуката.