Славеј со добивка од 3,5 милиони денари го заврши првото тримесечје

13

slavej-logo-580x97

Центарот за ортотика и протетика Славеј, од први јануари до 31-ви март оваа година, оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 3.592.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Првото тримесечје лани, компанијата прикажа добивка од 2.106.000 денари.

“Порастот на добивката во првото тримесечје за 2016 година е за 68% во споредба со добивката за истиот период од 2015 година и се должни на новиот пристап на менаџирање, подобрено искористување на капацитетите, максимална заштеда на материјалите, како и максимално ангажирање на вработените“, стои во Образложението за остварените резултати.

Вкупните приходи од продажба во првите три месеци од оваа година достигнаа 54.999.000 денари, додека истиот период лани беа на ниво од 46.252.000 денари.