Славеј со добивка од 7,6 милиони денари ја заврши 2014

71

slavej logo

Центарот на ортотика и протетика Славеј од Скопје прикажа добивка од 7.633.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во 2013 година компанијата оствари добивка во висина од 16.040.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на Славеј се на ниво од 181.662.000 денари, од кои сите се реализирани на домашен пазар.