Славеј во првото тримесечје од годинава прикажа загуба од 8,3 милиони денари

23

slavej-logo-580x97

Центарот за ортотика и протетика, Славеј од Скопје во периодот јануари – март 2017 година прикажа загуба од 8.327.000 денари, покажуваат податоците од тримесечниот биланс на успех.

Во првото тримесечје од 2016 година, компанијата евидентираше добивка од 3.592.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во текот на првите три месеци од оваа година беа на ниво од 21.310.000 денари, додека истиот период во 2016 година тие изнесуваа 54.999.000 денари.

Основна дејност на Славеј е производство на ортопедски помагала, како и трговија на големо со фармацевтски производи и трговија на мало со медицински препарати и ортопедски помагала во специјализирани продавници.