Славеј за девет месеци оствари добивка од 10,5 милиони денари

32

slavej-logo-580x97

Центарот за ортотика и протетика Славеј работеше со добивка од 10.555.000 денари, покажува деветмесечниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Од јануари до септември лани, компанијата прикажа добивка од 6.069.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во деветте месеци од оваа година изнесуваа 162.973.000 денари, додека истиот период лани имаа вредност од 142.824.000 денари.

Основна дејност на Славеј е производство на ортопедски помагала, како и трговија на големо со фармацевтски производи и трговија на мало со медицински препарати и ортопедски помагала во специјализирани продавници.