Следната недела договор за вклучување на Македонија во Јужен тек

23

ставре-1-Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денес најави дека кон крајот на следната недела ќе се потпише договорот за вклучување на Македонија во гасоводот Јужен тек.

“Следната недела заедно со премиерот Никола Груевски ќе бидам во Русија. На крајот на неделата во рамките на Форумот во Санкт Петербург ќе се потпише договорот меѓу Русија и Македонија за влегување на нашата земја во Јужен тек”, изјави Ставрески, одговарајќи на прашање по презентацијата на проектот за задолжителна котација на Македонската берза.