Следниот петок неработен ден за сите

25

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 23 октомври 2020 година (петок), Ден на Македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните на Република Северна Македонија им го честита Денот на Македонската револуционерна борба.

Фото: Freepik