Sleepion 2, уред што ги решава проблемите со сонот

21

sleep-jpg

Фото: Kickstarter

Технолошката компанија Cheero претстави уред што им помага на луѓето кои имаат проблеми со сонот да заспијат лесно, без употреба на медикаменти. Преку смирувачка музика, нежна светлина и природна арома, Sleepion 2 им помага на лицата кои имаат потешкотии со спиењето, концентрирањето или релаксирањето.

Уредот е дизајниран да им помогне на корисниците да имаат подобар сон, но и да водат поздрав начин на живот. Sleepion 2 може да се користи во текот на целиот ден, а постојат четири режими кои корисникот може да ги избере.

Режим на спиење (свират 18 релаксирачки песни по 60 минути и свети бела светлина што потсетува на месечева светлина). Режим за релаксирање (свират осум релаксирачки песни, по 25 минути и свети виолетова светлина). Режим за концентрација (свират осум песни од 90 минути коишто му помагаат на мозокот да се одмори и свети зелена светлина). Bluetooth режим (им овозможува на корисниците да ја пуштаат омилената музика за релаксирање додека патуваат или работат и свети сино светло). Во уредот исто така се ставаат и арома прстени со мирис на Germanium, Lemon Grass, Lavender, Hinoki и Forrest за кои е клинички докажано дека помагаат за заспивање, релаксација и концентрирање.

Уредот е поставен на платформата за групно финансирање Kickstarter, од каде треба да собере 15.000 долари. До крајот на кампањата остануваат 29 дена, а собрани се 6.696 долари.