Слободна Далмација: Во Јадранот има 2,87 милијарди барели нафта

90

naftaШто би го мотивирало гигантот Exxon Mobil Corporation, најголемиот преработувач на нафта во светот, корпорација која годишно има приход од 500 милијарди долари и преку 70 милијарди барели нафта во резерва, да дојде и да работи во Хрватска? Ова прашање интензивно се врти во хрватската јавност, откако кон крајот на април министерот за економија Иван Врдољак при посетата во САД изјави дека оваа компанија е заинтересирана за истражување и експлоатација на нафта и гас во Јадранот. Услов за доаѓање на Exxon во Хрватска е измена на Законот за истражување и експлоатација на јаглеводород, за да им се олесни реализацијата на деловните интереси на инвеститорите, пишува Слободна Далмација.

Но, никој не знае што крие дното на Јадранот. Едни веруваат дека нема којзнае што, затоа што според логиката, доколку би имало, до сега големите компании ќе го избушеа дното. Но, и да сакале, компаниите до сега немаа интерес да влезат во Хрватска поради условите што им се нудеа. Со измените во законот, ситуацијата се менува во корист на оние што веруваат дека под Јадранот има големи резерви на нафта.

Во едно научно истражување објавено во 2010 година од страна на Сањин Грандиќ, пензиониран дипломиран инженер по геологија и инженерите Иван Кратковиќ и Игор Русан, пишува дека вкупниот нафтеногеолошки потенцијал може да се процени на 2 – 3,3 милијарди кубни метри еквивалент на нафта, односно 386 до 524 милиони кубни метри условни резерви. Авторите на истражувањето пресметале дека тој волумен во барели нафта изнесува 2,87 милијарди, пишува Слободна Далмација.