Словачка не се откажува од рускиот гас, ќе плаќа и во рубљи

64

Министерот за економија на Словачка Ричард Сулик вчера соопшти дека земјата нема да престане да увезува руски гас, додавајќи дека доколку е потребно, Братислава ќе плаќа и во рубљи, иако го поддржува ставот на Европската унија.

Ројтерс наведува дека Словачка се потпира на руски гас 85% од вкупната побарувачка.

Европската комисија во петокот изјави дека компаниите од ЕУ, кои плаќаат руски гас во евра или долари, нема да ги задоволат потребите на Москва, која експлицитно побара плаќање во рубљи.

„Протокот на гас не смее да престане. Доколку има услов да се плати во рубљи, ќе плаќаме во рубљи“, изјави Сулик за словачкиот јавен сервис РТВС.

Сепак, тој додаде дека Словачка ќе продолжи да работи заедно со ЕУ.

Фото: Pixabay