Словаци го „претркаа“ Илон Маск – претставен иновативен автомобил

104

Словачкото летечко такси се промовира како „прво во светот“ и неодамна беше претставено. Има четири седишта и, според достапните информации, може да се користи за патување по пат или во воздух.

Имено, словачката компанија AeroMobil го претстави „првото“ летечко такси во светот – AM NEXT – кое би можело да превезува патници веќе во 2027 година, на патувања од околу 800 километри.

Дејли Мејл пишува дека напредното такси е способно да се трансформира меѓу режимите за помалку од три минути и истакнува дека на патниците им заштедува „значително“ време доколку патуваат меѓу поголемите градови, т.е. во опсег од 160 до 800 километри.

Детали за цената на летечкото такси сè уште не се објавени, а AM NEXT е, инаку, продолжение на летечкиот автомобил 4.0 на AeroMobil, кој за прв пат беше претставен на Меѓународниот аеромитинг во Париз во јуни 2017 година.

Тоа возило беше дизајнирано како двосед, односно како луксузно лично возило кое може да лета со максимална брзина од 360 km/h.

Иако компаниите на Илон Маск, Тесла и SpaceX со текот на времето се „наметнаа“ како лидери во областа на иновациите во светот на автомобилите, вселената и технологијата, се чини дека оваа словачка компанија успеа да ги „престигне“ – барем кога доаѓа до такси возило кое „може да лета“.