Словенци измамиле градежници: На работници од регионот им должат над два милиони евра

57

Словенечката полиција поднесе кривична пријава против тројца словенечки државјани кои се осомничени за измама на 432 работници.

Како што се наведува, тие измамиле претежно странски градежни работници, а ги измамиле за најмалку 2,1 милиони евра во периодот од 2011 до 2019 година.

На крајот на мај, криминалистичката полиција во Целје заврши долгорочна истрага за системско кршење на основните права на работниците, соопшти полициската управа на Целје, а пренесува словенечката агенција СТА.

Откриено е дека работодавците ангажирале работници од Босна и Херцеговина, Србија и Македонија, а по некое време тие биле повторно вработени во новите “фиктивни“ компании.

Осомничените “фиктивни“ директори во тој период управувале со вкупно 22 компании, додека тие намерно не исплаќале плати на работниците, социјални придонеси, како што се здравствено и пензиско осигурување, ниту плаќале даноци и отпремнини.

Фото: Pixabay