Словенечка фармацевтска компанија со рекордна добивка во 2020 година

41

Словенечката фармацевтска компанија Крка минатата година оствари рекордни приходи од 1,53 милијарди евра, што за 3% повеќе во споредба со 2019 година, додека нето добивката пораснала за 17% и достигна рекордни 286,6 милиони евра.

Бруто добивката на ниво на групација, пораснааза 30% во однос на 2019 година, а во развој на дополнителни капацитети и програми за истражување лани се инвестирани 230 милиони евра, соопшти компанијата со седиште во Ново Место.

За главен директор и претседател на управниот одбор на компанијата е назначен Јоже Чолариќ, за кого ова е нов петгодишен мандат.

Фото: Freepik