Словенечка иновација: Славина полни чаша со пиво од 0,5l за само 4,2 секунди

29

vasja 2

Васја Долинар од фирмата Дејмо од Љубљана и неговите пријатели Анже Стрниша и Борут Слабајно дизајнираа славина која за само 4,2 секунди може да наполни со пиво чаша од половина литар. Славината QuickTap се наоѓа во рамките на мобилен бар, кој ќе го забрза служењето на пиво на концерти и слични настани, ќе ја намали потребата од келнери и ќе ја зголеми заработката од продажбата, пишува словенечки Финанце, пренесува Пословни дневник.

vasja

Брзата славина е примарен производ, надограден на мобилен бар кој се состои од две брзи славини, два филтери кои спречуваат да влезе воздух, создавање на пена и излевање на пивото. Тука е и системот за ладење и електроника за компјутерска контрола. Компјутерскиот систем ја контролира температурата на пивото, количината на пиво во чашите, исправност на славините и предупредува кога е потребно да се замени бурето.

Цената на брзите славини е околу 2.000 евра, а целиот мобилен бар чини околу 10.000 евра.

Фирмата Дејмо како потенцијални купувачи ги гледа пиварниците, стадионите, спортските и културни сали, организаторите на фестивали, сопствениците на пабови, ноќни клубови…

Фото: Финанце/Журнал24