Словенечки Алфи го презема трговскиот ланец Туш

106

Сопственикот на трговскиот ланец Туш од Словенија, Мирко Туш, мораше да ја предаде својата деловна империја на словенечкиот инвестициски фонд Алфи, којшто презема повеќе од три четвртини побарувања од банки.

Алфи ги откупи побарувањата на Абанка од Туш Група и стана сопственик на повеќе од 80% од сите долгови на ланецот на продажба, коишто ќе ги претвори во сопственост, јавуваат словенечките медиуми.

Договор за реструктуирање ќе биде потпишан оваа недела. Фондот Алфа ја потврди набавката, но не даде детали.

Фото: Facebook