Словенечки изум: Иновативен држач за кошула

219

s-holder

Словенечкиот старт – ап NV Holders создаде иновативен држач за кошули. Станува збор за S- Holder, којшто на корисникот му овозможува кошулата да остане прибрана додека тој е во движење и непречено може да ги извршува секојдневните обврски.

t-holder

S – Holder е следбеник на претходниот држач за кошули по името T – Holder. Корисниците на претходниот производ имале одлично искуство, велејќи дека сега буквално не можат да си го замислат животот без овие трегери што ја држат машката кошула во нејзината позиција.

S – Holder сега доби нови и подобрени штипки, а го има и во три нијанси: црна, беж и тегет.

nv-holders

NV Holders го поставија подобрениот S – Holder на глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter. Оттаму првично побараа 5.000 долари, а на 53 дена до крајот на кампањата успеаја да соберат околу 27.000 долари.

Цената на иновативниот држач за кошули е 35 долари.