Словенечки Prospeh ќе овозможи проверка на потеклото на производите во Кина

45

origin-trail-facebook

Фото: Facebook

Словенечкиот старт – ап Prospeh, со помош на апликацијата OriginTrail, овозможува едноставно следење на потеклото на млечните и месните производи. Со нивна помош, потрошувачите во Кина наскоро би можеле да го проверат потеклото на сите прехранбени производи, пишува Dnevnik.si.

“На кинескиот пазар во овој момент спроведуваме четири пилот проекти, коишто за следење на изворите на дистрибуција до продажното место, користи технологија на таканаречениот blockchain, што овозможува веродостојност на собраните податоци. Тоа значи дека податоците што еднаш се внесени во системот, повеќе не може незабележано да се променат“, вели Анже Воје, одговорен за комуникација во Prospeh.

Овој словенечки старт – ап победи на натпревар на американскиот трговски синџир Walmart. Тие се пријавија за проект којшто на секој купувач ќе му овозможи увид во потеклото на секој производ на кинескиот онлајн пазар на храна Yimishiji. Walmart на натпреварот бараше технолошко решение што ќе има позитивно влијание на безбедноста на храната и може да се прошири на составот на производите, како и веќе развиена иновација со мерливи резултати.

Prospeh досега има големо искуство во овозможување транспарентност во прехранбениот сектор, а се подготвени да го воведат OriginTrail и во други сектори, како што се фармацевтскиот и модниот.